Животинско Производство

Кои животни се одгледуваат

Животинско Производство

livestock production 6

Сточарското производство претставува важен сегмент во работата на Ерџелија. Од своето постоење па се до денес, бројот на добиток со кој располага Ерџелија постојано се зголемува достигнувајќи до повеќе од 350 грла. Капацитетот  за уведување на добиток се состојат од отворено и затворено оделение.

Затвореното одделение се состои од 4 штали, додека отвореното одделение има капацитет за повеќе од 1000 грла. Во затворениот систем на одгледување, капацитетите се опремени со комплемент систем за напојување и исхрана.

Отвореното одделение опфаќа простор поделен во 5 блока со што се овозможува групирање на грлата врз основа на нивниот пол, возраст, како и биолошкиот статус на грлата. Отвореното одделение е опремено со потребните услови за задволување на благосостојбата на животните.

Најдоброто за нашите крави

Систем за молзење

Во рамките на своето сточарско производство Ерџелија располага со затворен систем на молзилиште кој овозможува молзење на 14 грла одеднаш. Користи опрема за молзење (апарати и пумпи), а воедно и поседува три млеководни системи од кои 2 се за капацитет од 30 крави, а еден за 64 крави. Исто така во своите објекти поседува и ветеринарна станица каде ја обезбедува најдобрата грижа за својот добиток.

Капацитет на животни

Капацитет

Расната структура на стадото говеда на Поледелство Ерџелија се состои од 187 крави. Се одгледуваат 4 видови на крави : Brown Swiss, Цементалец, Холштајн Фризиска и мешавина од два вида. Производството на млеко претставува % од вкупното производство на млеко во Република Македонија и годишен принос од  891.984 литри.  За потребите на месната индустрија, Ерџелија обезбедува жива маса од 49 машки телиња.