За Нас

Нашата фарма

За Нас

Logo Poledelstvo Erdzelija

Поледелство Ерџелија е една од најголемите фарми во Република Македонија со капацитет од повеќе од 1600 хектари обработлива површина, лоцирана во Северно – Источниот дел на државата. Основана како ентитет во 1976, фармата Поледелство Ерџелија од секогаш преставувала значаен дел од локалната економија како националната економија, имајќи предвид дека производствените капацитети имаат значајно учество во задоволување на севкупната побарувачка за житни култури, како и сточна храна на територијата на целата држава. Од 1976 Поледелство Ерџелија се трансформира целосно во приватна сопственост.

Вкупно производство по години

Историја на компанијата

Од вкупното растителното производство во 2016 година, Ерџелија произведе вкупно 3.476 тони од сите житни култури од кои 1.757 тони јачмен, 1.229 т пченица и 489.06 т пченка. Освен од производството на житни култури, Ерџелија произведува фуражни култури со следните спецификации: Вкупната количина произведена од фуражни култури е 4.862 т од кои 94.65 т тритикале, 230.60 т од сончоглед, 863.43 т луцерка.

Од вкупното растително производство во 2017 година, Ерџелија произведе вкупно 1015 тони од сите житни култури од кои 745,39 т јачмен, 255,93 т пченица и 14,63 т пченка. Освен производство на житни култури, Ерџелија произведува фуражни култури со следните спецификации: Вкупната количина произведена од фуражни култури е 1702 т од која 169.30 т тритикале, 121.14 т од сончоглед, 738.90 т луцерка.

Од вкупното растително производство во 2018 година, Ерџелија произвела 3,266 тони вкупно од сите житни култури од кои 2.090 t јачмен и 1.176 т ​​пченица. Освен од производството на житни култури, Ерџелија произведува фуражни култури со следните спецификации: Вкупната количина произведена од фуражни култури е 2.393 т од кои 279.68 т тритикале, 609.28 т сончоглед.

Мисија & Визија

Поледелство Ерџелија

Мисија

Растот на земјоделското производство во нашата фарма го базираме на принципите на оптимизација, со цел максимизирање на резултатите и одржливоста на природните ресурси, преку користење на  најсовремени технологии на земјоделско производство, создавање на квалитетни услови за работа за нашите вработени, како и постојано користење на стручна поддршка од експерти во земјата и странство

Визија

Во блиска соработка со сите партнери во нашиот бизнис модел до водечка фарма за современо земјоделско производство во Македонија и регионот

Користење на нови технологии

Напредно
Земјоделско Производство

Поледелство Ерџелија располага со најсовремена опрема за модерно земјоделско производно. Во механизацијата и додатната опрема застапени се најпознатите светски брендови (John Deer, Landin etc.). Значајната модернизација направена во последните 5 години беше цврста основа да во 2017 година се започне со воведување на технологија, принципи и процедури за прецизно земјоделство. Менаџментот на фармата Поледелство Ерџелија планираат да со почетокот на земјоделската сезона 2019 година бизнис единицата за поледелство да биде целосно потпомогната преку технологиите на прецизно земјоделство.

нашето производство

Видови производство

Денес во Поледелство Ерџелија се вработени повеќе од 60 лица во двете главни бизнис единици на фармата, тоа се поледелство и сточарство. Во единицата поледелство, фармата обработува 1600 хектари на разни видови на житни култури (пченица, јачмен, пченка, соја, сончоглед), како и производство на сточна храна.  Сточарското производство во фармата се состои од одгледување на над 350 грла говеда за производно на млеко и месо. Вкупното годишно производство на Поледелство Ерџелија е 3.266 т на житни култури, 891.984 л млеко и ХХХХ жива мера.