Видови на растително производство
Растително Производство

Поледелство Ерџелија своето работење го темели на користење современа техонолгија и долгогодишно искуство во областа на растително производство. Покрај најнова иновативна технологија, Ерџелија распола со комплетна логистичка поддршка на постжетвени активности која се состои од 2 хангари од кои еден е затворен, а еден отворен, 6 магацини за откуп на житни и индустриски култури, семиња и резервни делови за својата опрема, како и соодветна механизација за манипулација.
Вкупно Растително Производство
Во своето производство на житни култури на површина од 1600 хектари, во просек од последните 10 години учеството на секој од културите во вкупното производство е следно:
Видови производство на житни култури
Житни Култури
Пченица
Пченица е водечки растителен извор на енергија во светот, протеини и влакна. Квалитетот на пченицата може да се подели на три главни групи ботанички (различни видови и сорти), физички и хемиски карактеристики. Поледелство Ерџелија одгледува — типа на пченица со годишен принос од –% од целокупното растително производство.
Пченка
Пченката претставува сè поважен ресурс во растителното производство, затоа што се повеќе се користи како за исхрана на луѓе, така и за преработка, како суровина во индустријата и за прехрана на домашни животни. Како житна култура пченката најдобро успева во низини и котлини каде што има доволно влага и топлина, нејзиниот квалитетот се одредува со хибридна селекција, различни практики на жетва и практики на сушење. Поледелство Ерџелија одгледува — типа на пченка со годишен принос од –% од целокупното растително производство.
Јачмен
Јачмен е една од најстарите житни култури јачменот во себе содржи многу хранливи материи и со тоа претставува една од најважните житни култури. Производството на јачмен е повеќестрано, што значи зрното од јачмен се користи за производство на леб, пиво, како и сточна храна. Постојат три врсти на јачмен: дворедни (за производство на пиво) , повеќередни и преодни. Во своето производство Поледелство Ерџелија одгледува два типа на јачмен: пролетен и есенски јачмен. Пролетниот јачмен првенствено се користи за производство на —добиточна храна, каде дури % се насочени во бизнис единица – сточарство. Значителен процент, %, се користи за ладење и печење. Есенскиот јачмен преставува % од целокупното растително производство, каде % се насочени кон сточарскиот сектор.
Производство на индустриски култури
Сточна Храна
Покрај производство на житни култури, Ерџелија произведува и индустриски култури кои во најголем дел се користат за прехрана на својот добиток. Како индустриски култури се произведуваат сончоглед, тритикале, соја и луцерка.
Големиот магацински простор со кој располага Поледелство Ерџелија овозможува да се задоволат потребите за сточна храна на национално ниво во периоди кога малите индивидуални капацитети се испразнети. Ваквото управување со складишните капацитети на фармата овозможуваат да се искористат високите цени во период на ограничена понуда со сточна храна и соодветно да се остварат солидни бизнис резултати.