Механизација, Наводнување, Прецизно Земјоделство
Технологија

Како една од првите корпоративни фарми во Македонија која што користи технологија за прецизно земјоделство, Поледелство Ерџелија се стреми кон максимизирање на бизнис резултатиte врз основа на оптимизација сите расположливи ресурси, минимизирање на човечки фактор и задржување на одржливоста на околината.
.
Типови механизација во Ерџелија
Механизација
Во делот на технологијата, бизнис филозофијата на Поледелство Ерџелија е постојана обнова на машинскиот круг, со набавка и одржување на современи машини и приклучна механизација. Во машинската флота на фармата се вклучени трактори, приклучна механизација и дополнителна опрема од водечки светски производители, како што се John Deere, Bull Power, Massey Ferguson, Fordm Bellarus, Class, Landini, Zetor, Tafe.
- Трактори
- Машини во приклучна механизација (тифони, тањирача)
- Приколки
- Комбајни
- Машини за сеење
- Опрема за распрскување и наводнување како и цистерни ( за гориво и вода )
Користење авиони за подобар резултат
Воздухопловна Флота
Флотата на машини во Поледелство Ерџелија потпомогната со функцијата на два авиона од сестринската компанијата Бониер, кои имаат особено значење во намалување на трошоците за заштита на растенијата, но исто така наоѓа примена во извршување на други операции како што се, сеење, ѓубрење и друго.
Видови наводнување во Ерџелија
Наводнување
Од вкупните површини на Поледелство Ерџелија 500 ха се покриени со централен систем за наводнување, обезбеден од Хидро акумулацијата. Овој систем е дополнително поткрепен со сопствен систем на наводнување кој овозможува флексибилност во наводнувањето, како и довод на вода до индивидуални микро локации. Во сопствените системи за наводнување Поледелство Ерџелија располага со следните елементи:
- 7 тифони за наводнување ( 4 од типот Ф – 110 300м, 1 од типот Ф – 90 300м,)
- 2 система за наводнување капка по капка
- Прскалици (440л, 330л)
- Останата дополнителна опрема за наводнување

“Ние веруваме дека со инвестирање во технологијата за прецизно земјоделство може да го направиме земјоделството полесно и попродуктивно. Како една од првите фарми во Македонија која изврши испитувања на своите површини користејќи најсовремена технологија, ние се погриживме нашите култури да го добиваат потребниот третман со голема точност благодарение на овие технологии.”

“Ние веруваме дека со инвестирање во технологијата за прецизно земјоделство може да го направиме земјоделството полесно и попродуктивно. Како една од првите фарми во Македонија која изврши испитувања на своите површини користејќи најсовремена технологија, ние се погриживме нашите култури да го добиваат потребниот третман со голема точност благодарение на овие технологии.”
Што претставува Прецизно Земјоделство?
Прецизно Земјоделство
Прецизното земјоделство (ПА) преставува концепт на земјоделското производство кој подразбира управување со функциите во една фарма базирано на мониторинг, мерење и превземање на активности врз основа на интер-варијабилноста во различни култури. Целта на прецизното земјоделството е да се дефинира систем за поддршка во процесот на донесување на одлуката за целокупното управување со земјоделските стопанства, со цел максимизирање на бизнис резултатите во услови на оптимизација на расположливите ресурси и одржување на животната средина.
Како технологија која што ја користи Ерџелија во своето работење е:
* Почвени анализи на примерок од 5 хектари;
* ГИС И ГПС технологии;
* Мониторинг на култури со беспилотни летала и сателитски мониторинг;
* Автоматско управување со механизација;
* Дефинирање на економски зони и користење на варијабилна стапка во сеење, ѓубрење и жнеење;